Додипломски студии

ВОДИЧ НИЗ СТУДИИТЕ СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ЗА СТРУЧНИ ЗАБНИ ТЕХНИЧАРИ И СТРУЧНИ СТОМАТОЛОШКИ СЕСТРИ
ВОДИЧ НИЗ СТУДИИ - ДОКТОРИ ПО ДЕНТАЛНА МЕДИЦИНА

 Додипломски студии за доктори по стоматологија
       Стоматологот претставува значаен член на семејството здравствени работници и од него се очекува одговорноста да го води својот тим. Иако е првенствено одговорен за оралното здравје, дипломираниот стоматолог треба да има солидни базични познавања од медицината и соодветно, од биотехнолошките науки. Стоматологот ја има предноста да има непосреден контакт со пациентот и тој мора да развива високи стандарди на професионална одговорност. Неговата практика треба да биде интелектуално стимулирачка и да се темели на научни принципи, но во неа треба да се вгради  и чувство за уметност, за убаво. За да се следат современите трендови во науката, технологијата и новите материјали што постојано се јавуваат на пазарот, тој треба да е посветен на перманентно следење и усвојување нови сознанија. Во професијата, од дипломираниот стоматолог се очекува да е во траен пакт за промоција на оралното здравје и превенција на стоматолошките заболувања.

       Услови за упис: завршено средно 4-годишно образование и положен приемен испит по предметот биологија. 


       Додипломски студии за стручни забни техничари и за стручни стоматолошки сестри
       Констатираната состојба на повеќе децениска дефицитарност од диференцирани високостручни профили во стоматолошката дејност во Р. Македонија, создаваше неусогласеност во стручно-научното спознание помеѓу докторот стоматолог и другите соработници. Овој соработнички кадар со средна стручна подготовка не беше во состојба да го следи современите текови на стоматолошката пратика и да овозможи квалитет во стоматолошката заштита на населението. Од тука следуваше заклучокот дека само квалитетно формиран додипломски соработнички кадар со успех ќе може да ги користи и да се служи со достигнувањата во стоматологија што несомнено ќе овозможи активно и кооперативно вклучување во секојдневната тимска стоматолошка практика. За срека, овој вакуум е надминат со воведување на уште две студиски програми на Стоматолошкиот факултет кои овозможуваат новиот кадар да одговори на потребите на една високо професионализирана стоматолошка заштита. Со завршувањето на студиите, стручните забни техничари и стручните стоматолошки сестри ќе се оформат во здравствени работници кои со својата стручност, компетентност, знаење и способност ќе овозможат да се унапреди оралното здравје, да се обезбеди примена на новите дијагностички и тераписки процедури секој од својот домен на работа.

       Услов за упис: завршено средно 4-годишно образование

 

ВОДИЧ НИЗ СТУДИИТЕ ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ ( 2010 )