Услови за акредитација на ментор

     Акредитација на ментор на третиот циклус студии – докторски студии врши Одборот за акредитација во виското образование. Наставникот кој мора има звање редовен или вонреден професор може преку Советот за докторски студии да достави докази за исполнетост на условите за акредитација на ментор. Во овој момент сметано од 01.01.2015 година услови за акредитација на ментор за трет циклус на студии се следни:

- Најмалку шест објавени рецензирани научноистаржувачки труда објавени во меѓународни научни списанија или меѓународни публикации  од кои најмалку два во меѓународни списанија со импакт фактор во даденото научно поле во последните 5 години.

Меѓународно научно списание во смисла на Законот за високо образование  е списание кое има меѓународен уредувачки одбор во кој учетсвуваат најмалку 5 земји при што бројот на членови од една земја не може да надминува 40% од вкупниот број на членови и кое се издава најмалку 5 години непрекинато и има најмалку 10 изданија во последните години.

Меѓународна публикација е:

*книга рецензирана и објавена во странство,

*зборник на научни трудови презентирани на меѓународни академски собири каде што членовите на програмскиот комитет се од најмалку четири земји како и

*меѓународни годишници и гласници каде што членовите на програмскиот комиситет се од најмалку четири земји

При достава на документација потребна за акредитација се доставуваат и докази за тоа дека научното списание е меѓународно и дека публикацијата е согласно наведениот опис.

 

Коментор

По предлог на студентот или менторот, Советот на студиската програма може да му назначи коментор  на студентот од друга студиска програма, како и од друг универзитет од земјата или од странство. Коменторот од друг универзитет од земјата или од странство  треба да ги исполнува условите за ментор. Најчесто коменторот се назначува кога докторската теза е интердисциплинарна или кога истражувањата за изработка на тезата се вршат надвор од факултетот организатор на студиската програма со што се обезбедува следење на нивниот тек и следење на добиените резултати. Доколку коменторот е акредитиран ментор од Одборот за акредитација, коменторството се смета како менторство во утврдување на бројката на кандидати кои можат да бидат менторирани од еден наставник, односно еден наставник може да биде ментор или коментор (заедно) на најмногу 3 –ца кандидати.