Студиска програма за трет циклус на студии

     Студиската програма  - докторски студии по стоматологија настана 2010 - та година како резултат на почетоците со работата на Школатат за докторски стдуии  во Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј,,  и како резулат на желбата на иднина профеионална стоматолошка елита да и се овоможи стекнување на модерни зваења по пат на применa на методи и научни техники кои се пременуваат во развиените универзитетски центри, а со цел да се создадат стручнаци кои ќе изградат успешни кариери и ќе придонесат за развој на своето работно опкружување. Иницијативата за стручно усовршување и научно градење на младите доктори до обрана на докторски дисертација по пат на менторски систем на Стоматолошкиот факултет – Скооје во состав на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј,, успешно датира уште од учебната 1976/77 година. Овој систем во континуитет постоеше до појавата на Школата за докторски студии на Универзитетот кога се напуштти стариот модел на стекнување звање доктор на науки и се прифати една значајна реформа во високото образование по примерот на веќе докажаните и развоени со долга традиција европски универзитети соглано правилата на Европскиот кредит транфер систем. Школата за докторски студии во чиј состав функционира и студиската програма за докторски студии на Стоматолошкиот факултет е првенец во организација на ваков вид студии во државава и на Балканот воопшто и го отсликува интегративното функционирање на  Универзитетот.

 

     Во текот на 2014 година студиската програма за докторски студии е реакредитирана.

  • Елаборат 2014 година,
  • Решение за акредитација на студиската програма од Одборот за акредитација,
  • Решение за почеток со работа од Министерство за образование и наука.

 

     Секој студент на докторските студии при самиот упис на студиите според сопствените афинитети и желби одбира модул (потпрограма) во која што понатаму научно ќе се надградува и од каде ќе потекне идејата за ирзботка на докторска дисертација.

 

Студиската програма за трет цилус – докторски студии по стоматологија има 7 модули:

     - СТОМАТОЛОШКА ПРОТЕТИКА

     - ОРТОДОНЦИЈА

     - ОРАЛНА ХИРУГИЈА  

     - МАКСИЛОФАЦИЈАЛНА ХИРУРГИЈА

     - ОРАЛНА ПАТОЛОГИЈА И ПАРОДОНТОЛОГИЈА

     - ДЕНТАЛНА ПАТОЛОГИЈА

     - ДЕТСКА И ПРЕВЕНТИВНА СТОМАТОЛОГИЈА