Водич низ докторски студии-Прирачник за студирање

 

     Од создавањето на новиот концепт на студирање на третиот циклус на студии докторски студии како највисок циклус во хиерархијата на високото образование се појавија дилеми, прашања и понекогаш нејасноти во начинот на реализација на студиите, напредувањето низ семестрите, обврските на менторите, организација на наставата, признавањате на кредитите од други предмети, премин од други студии и други прашања кои ги осознавме со времето, истрајноста и трпението, бидејќи циклусот беше во раѓање. Со текот на времето работите се бистреа, обврските се дефинираа, се стекнуваа нови сознанија на ниво на Факултетот и на ниво на Школата за докторски студии. Циклусот од самиот почеток има обврски за секој негов учесник, секој учесник без разлика дали е студент, наставник, ментор, член на советот или ангажиран во стручната служба има улога во реализација на овој циклус. Со цел да се разрешат дилемите, да се одговори на прашањата, да се добијат појасни информации кои ќе бидат еднакво пристапни за сите, напишан е овој Водич за третиот циклус на студии – докторски студии по стоматологија наменет пред се за студентите сегашни и идни, но и за менторите, па и за наставниците и за сите заинтересирани колеги.