Раководител на советот на студиската програма

 

Професор д-р Владимир Поповски – Раководител на советот за трет циклус - докторски студии. Mаксилофацијален хирург на Универзитетската Клиника за максилофацијална хирургија, редовен универзитетски професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје и Претседател на Стоматолошката Комора на Македонија.

Актуелен Претседател на здружението на Максилофацијални хирурзи на Р. Македонија и новоизбран Претседател на Балканската Асоцијација за Максилофацијална хирургија.

Реномиран експерт од областа на максилофацијална хирургија со 25 годишно специјалистичко искуство и официјален поканет предавач на многу важни интернационални Конгреси и Конференции по орална и максилофацијална хирургија во Виена, Анталија, Кјото, Вашингтон, Тур – Франција, Атина, Болоња, Белград, Барцелона, Тирана, Софија, Родос, Бриж, Ферара.

Автор на екстензивен опус на научни и стручни трудови во домашни, регионални и меѓународни часописи. На последниот јубилеен 20-ти Европски Конгрес на EACMFS во Bruges, Белгија 2010, награден за исклучителен придонес во максилофацијалната хирургија со престижна награда на EACMFS (Recognition Award of European Association for Cranio-Maxillofacial Surgery).