магистерски

Постдипломски студии

       Последипломските студии на Стоматолошкиот факултет се организираат како последипломски научни студии (магистерски) и последипломски стручни студии (специјалистички).

       Кандидатите можат да се запишат на последипломски студии по следните потесни научни области:

  • стоматолошка протетика,
  • ортодонција,
  • орална хирургија,
  • максилофацијална хирургија,
  • детска и превентивна стоматологија,
  • болести на забите и ендодонтот,
  • болести на устата и пародонтот

       Запишувањето на кандидатите на постдипломски студии се врши врз основа на конкурс што го објавува Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”.

       На последипломски студии може да се запише кандидат кој има завршен Стоматолошки факултет и познавање на  еден од светските јазици.
       При повеќе пријавени кандидати предност имаат кандидатите со повисок просечен успех на додипломски студии.
       Со последипломските магистерски студии студентот се оспособува за примена на методите за научно-истражувачката работа и му се овозможува стекнување продлабочени знаења од определена потесна научна област.
       Со последипломските специјалистички студии на студентот му се овозможува стекнување специјализирани и продлабочени знаења во една или повеќе научни и стручни дисциплини што се потребни за успешно извршување на стручните работи во определено работно подрачје.
Магистерските студии траат 2 години, а стручните 12 месеци.
       По положувањето на испитите предвидени со студиската програма студентот  пријавува изработка на магистерски ,односно стручен труд.
       Магистерскиот, односно стручниот труд се работи под надзор на ментор кој се избира на предлог на студентот.
       Студентот е должен да го изработи и одбрани магистерскиот труд во рок од 3 години,односно да го изработи и одбрани стручниот труд во рок од 2 години од денот на одобрувањето на темата.
Студентот кој завршил последипломски магистерски студии и одбранил магистерски труд  се  стекнува со научен степен магистер на стоматолошки науки (м-р или M.Sc).
       Студент кој завршил последипломски стручни студии и одбранил стручен труд се стекнува со стручен назив специјалист со завршени стручни студии (спец. или Spc.).
       На студентите кои се здобиле со научен степен магистер им се издава диплома
       На студентите кои се здобиле со стручен назив специјалист им се издава уверение.

Подолу е прикажана листата на сите специјалистички и магистерски трудови објавени на Стоматолошкиот факултет - Скопје.


Одбранети магистерски и специјалистички трудови на Стоматолошкиот факултет - Скопје (одберете година)

           
1977
1978
1984
1985
1986
1987
1996
1997
2008
 

1976
Димкова Љупка.Етио-морфо-функционални аспекти на денталната ресорпција (магистерски труд). Стоматолошки оддел при Медицинскиот факултет, Скопје, 1976. (78 стр)
Накова Марија. Прилог кон познавање на протеините, јаглените хидрати и липидите во плунката и плазмата кај пациенти со прогресивна пародонтопатија (магистерски труд). Стоматолошки оддел при Медицинскиот факултет, Скопје, 1976. (81 стр)
<< назад

1979
Шабанов Ерол. Промени на пародонтот како резултат на предвремен допир кај заби со коронки (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1979. (68 стр)
<< назад

1980
Оџаклиевска Славјанка. Микробиолошки наод на преостанатиот дентин при Caries profunda  simplex и complicata по претходна тераписка постапка (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1980. (68 стр)
<< назад

1981
Белазелкоска Златанка. Активноста на алкалната и киселата фосфатаза, глутамат пируват трансаминаза, глутамат оксалат трансаминаза и лактат дехидрогеназа кај пациенти со прогресивна пародонтопатија (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1981. (99 стр)
Ѓоргова Јулијана. Положба на инцизивите и нивното влијание на дентоскелетните мекоткивни структури и промените на профилот на лицето (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје., 1981. (69 стр)
<< назад

1982
Василевски Бранко. Превентивно хируршко решавање на карциномите на долната усна: наше искуство со примена на методата по Јохансон (патохистолошка и електромиографска евалуација). (магистерски труд) Стоматолошки факултет, Скопје, 1982. (81 стр)
Велески Драгољуб. Биофункционални аспекти на протетичкото лекување кај суптотална  беззабост (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1982. (84 стр)
<< назад

1983
Антовска Љубица. Физико-хемиски промени на плунката кај пациенти со микробен протезен стоматит (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1983. (96 стр)
Зужелова Марија. Рендгенкраниометриска анализа на фацијалните и кранијалните варијации во етничките групи (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1983. (106 стр)
<< назад

1988
Бајевска Јагода. Деформација на тело на мост во зависност од висината, ширината и големината на распонот (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1988. (72 стр)
Набил-Болис Ј. Етиопатогенетски аспекти на алвеолитот и можности на терапискиот третман (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1988. (105 стр)
<< назад

1989
Гугучевски Љубен. Електромиографско испитување на предниот слепоочен и масетеричен мускул кај корисници на тотални протези при исхрана. (магистерски труд) Стоматолошки факултет, Скопје, 1989. (71 стр)
Јанкуловска Евдокија. Џвакален ефект кај индивидуи со интактно забало. (магистерски труд) Стоматолошки факултет, Скопје, 1989. (98 стр.)
Кануркова Лидија. Трансферзални односи и промени во орофацијалната регија кај унилатералните вкрстени загризи. (магистерски труд) Стоматолошки факултет, Скопје, 1989. (123 стр)
<< назад

1990
Беќировиќ Мери. Корелација меѓу кариесот, оралната хигиена и воспалителните промени на гингивата кај ученици од 15 до 18 годишна возраст (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1990. (93 стр.)
Вандевска-Радуновиќ Васка. Фамилијарни испитувања на димензиите на перманентните инцизиви. (магистерски труд) Стоматолошки факултет, Скопје, 1990 (82 стр)
Капушевска Билјана. Анализа на степенот на осетливост кај препариран и импрегниран заб за вештачка коронка во зависност од количеството на флуор  (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1990. (82 +12 стр.)
Ковачевска Гордана. Дезинфекција на отпечатоците за изработка на фиксни протетички надоместоци како превенција на терапевтскиот тим (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1990. (82 стр.)
<< назад

1991
Атанасова Елизабета.Клиничко-биометриска евалуација на слободниот гингивален и латералниот мукопериостеален “pedicle” автокалем во третманот на гингивалната рецесија (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1991. (76 стр.)
Бундевска Јадранка. Местоположба на првите горни молари: рендгенкраниометриска анализа (магистерски труд).Стоматолошки факултет, Скопје, 1991. (86 стр.)
Петрова Оливера. Потреба и оправданост од одржувачи на простор при прерана едентација на млечни заби (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1991. (79 стр.)
Поповска-Спасовска М. Лихен планус: клинички манифестации и неговата имуногенетска асоцираност со антигените од ХЛА-системот (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1991. (92 стр.)
<< назад

1992
Бенедети Алберто. Петгодишно преживување кај пациенти со карцином на долната усна во зависност од применетиот метод на лекување (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1992. (67 стр.)
Георгиев Златко. Патохистолошки промени на пулпата на млечните заби во фаза на ресорпција. (магистерски труд) Стоматолошки факултет, Скопје, 1992. (130 стр.)
Георгиева Силвана. Прилог кон етиологијата на глосопирозите. (магистерски труд) Стоматолошки факултет, Скопје, 1992. (85 стр.)
Пандилова Маја. Клиничко-биометриско детерминирање на функционална зона на прикрепена  гингива со протективен пародонтален потенцијал (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1992. (54 стр)
Поп Стефанова-Трпоска М. Гнатометриски карактеристики на нормална оклузија кај македонско население (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1992. (95 стр).
<< назад

1993
Величковски Борис. Фреквенција на локализација на импактиран и полуимпактиран долен трет молар и можности за тераписки третман (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1993. (135 стр.)
Грчев Александар. Современи радиолошки и клинички дијагностички методи кај myoarthropathia-та на темпоромандибуларниот зглоб. (магистерски труд).Стоматолошки факултет, Скопје, 1993.
Ивановски Ќиро. Имунолошки статус кај заболени од рекурентен афтозен стоматит (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1993 (103 стр)
Коруноска Весна. Рендгенкраниометриска процена за промена на вертикалната димензија кај пациенти со тотални протези.(магистерски труд) Стоматолошки факултет, Скопје 1993. (63 стр)
Лазаревска Емилија. Морфолошки развојни промени на максила кај нормална оклузија:рендгенкраниометриска анализа. (магистерски труд).Стоматолошки факултет, Скопје, 1993. (79 стр.)
Перковска Бибановска Мирјана. Улогата на јатрогените фактори во клиничката објективизација на пародонталното заболување (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1993. (110 стр.)
<< назад

1994
Еленчевска-Апостолска Соња. Корелација помеѓу бактериолошкиот наод во кариозните маси, плунката и примарната бактериска импланација на клинички здрава емајлова површина (магистерски труд).Стоматолошки факултет, Скопје, 1994. (70 стр.)
Јанкуловска Мира. Предиспозиција кон кариес следена преку нивото на саливарните флуориди (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1994. (74 стр.)
Поповска Лидија. Компарација помеѓу рачната и ултразвучната обработка на каналите на забниот корен (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1994. (80 стр.)
Сотировска Ана. Концентрацијата на саливарниот имуноглобулин А и кариесот во адолесценцијата (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1994. 181 стр.
<< назад

1995
Поповиќ-Моневска Даница. Корелација помеѓу клиничкиот, рендгенолошкиот и патохистолошкиот наод при синузитис максиларис како резултат на постоење на оро-антрална комуникација (магистерски труд).Стоматолошки факултет, Скопје, 1995. (51 стр.)
Ќурчиева-Чучкова Габриела. Морфологија на дентоалвеоларните лакови кај деца кои дишат на уста.(магистерски труд).Стоматолошки факултет, Скопје, 1995. 74 стр.
<< назад

1998
Гиговски Никола. Иследување in vitro на дебелината на цементниот слој по цементирањето на артифицијални забни коронки со цинк-фосфатен цемент Cegal и глас-јономер Meron. (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1998. (71 стр.)
<< назад

1999
Зеќири Бејтула. Објективно вреднување на малокузии при потребите за ортодонските третмани (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1999. (90 стр.)
Ковачевска Ивона. Присуство на жива во плунка и дентин при едносеансна апликација на повеќе амалгамски полнења (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1999. (58 стр.)
Николовска Н Јулијана. Влијанието на фиксно-протетските конструкции во пределот на фронтот на горната вилица во говорната функција (магистерски труд). Стоматолошки факултет Скопје, Скопје, 1999, (стр.75.)
Стевановиќ Маја. Застапеноста на микроелементите во тврдите забни ткива кај интактни и кариозни заби (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 1999. (56 стр.)
<< назад

2000
Ангелов Никола. Некои орално-ткивни аспекти кај заболени од Diabetes mellitus (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2000. (81 стр.)
Јанев Роберт. Типови на раст и развој при малоклузија II класа 1 одделение (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2000. (102 стр.)
Радојкова-Николовска Вера. Компаративни метрички анализи на длабочината на гингивалниот сулкус и пародонталниот џеб (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2000. (126 стр.)
Џипунова Биљана. Морфолошки карактеристики на малоклузија втора класа прво одделение (магистерски труд).Стоматолошки факултет, Скопје, 2000. (97 стр.)
<< назад

2001
Смилева-Нацевска Маргита. Состојбата на пародонтот при тескоба на денталните лакови (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2001. (131 стр.)
Тошеска-Спасова Наташа. Морфолошки особености на неправилноста збиеност во денталните лакови (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2001. (101 стр.)
Ванковски
Владо. Компаративна анализа на забалото со помош на периотест кај интактни  прирорни заби, ендодонтски третирани и заби со протетичко помагало. (специјалистички труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2001. (67 стр.)
<< назад

2002
Атанасовска-Стојановска Анета. Влијанието на нивото и функционалната способност на имунокомпетентните клетки Т, Б и НК (natural killer) врз појавата и текот на пародонталната болест кај младата популација (магистерски труд).Стоматолошки факултет, Скопје, 2002. (154 стр.)
Димова Цена. Клиничка евалуација на фибринолитичката активност на крвта при орално-хируршки интервенции (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2002. (120 стр.)
Дирјанска Катарина. Клиничко-биохемиска детекција на иницијалната пародонтална лезија (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2002. (65 стр.)
Ѓорѓиевска Елизабета. Промени на својствата на полиацид-модифицираните композитни смоли (компомери) по складирање во раствори од киселини: in vitro студија.(магистерски труд).Стоматолошки факултет, Скопје, 2002 (116 стр.)
Кировски Игор. Краниометриска процена на положбата на хиоидната коска кај испитаници со нормална оклузија и испитаници со малоклузија II класа 1. одделение по Angle (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2002. (62 стр.)
Кокочева Олга. Етио-патогенетски и превентивни аспекти на циркуларниот кариес кај млечни заби (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2002. (102 стр.)
Петревска-Пеева Марија. Проценка на електрокардиографски и хемодинамски промени кај пациенти со кардиоваскуларни заболувања во тек на оралнохируршки интервенции (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2002. (105 стр.)
Петрова Елена. Морфолошки карактеристики на раните прогени загризи (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2002. (85 стр.)
Поповски Стипица. Рана дијагностика и превенција на импактираните трајни максиларни  канини со радиолошка процена на нивното никнување (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2002. (80 стр.)
Симјановска Љуба. Рационална проценка на можните алергиски и псевдоалергиски реакции на локалните анестетици при орално-хируршките интервенции (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2002. (77 стр.)
Стојановска Вера. Процена на атхезивната врска помеѓу композитните материјали и тврдите забни ткива со користење на атхезивни системи (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2002. (110 стр.)
<< назад

2003
Бојаџиев Владимир.Индикации и клиничка процена на хируршки третман на импактирани супернумерички заби (магистерски труд).Стоматолошки факултет, Скопје, 2003. (73 стр.)
Димитровски Оливер. Имунолошки промени кај пациенти со хронични пародонтити(магистерски труд).Стоматолошки факултет, Скопје, 2003. (91 стр.)
Димков Александар. Микробиолошки аспекти на хемиски и механички средства за орална хигиена кај школски деца (магистерски труд).Стоматолошки факултет, Скопје, 2003. (137 стр.)
Јанев Едвард. Рендгенолошка евалуација на коскениот ткивен одговор на вилиците по апликација на алопластични материјали (магистерски труд). Стоматолошки факултет Скопје, 2003. (100 стр.)
Кацарска Марина. Морфолошка диспозиција на периапикалните варијации на каналниот систем кај хуманите максиларни премолари: ендодонтско-оралнохируршки тераписки проблем (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2003. (105 стр.)
Павлевска Мери. Дентално здравје кај деца со пречки во психофизичкиот развој и насоки за негово зачувување и подобрување (магистерски труд). Стоматолошки факултет Скопје, 2003.  (76 стр.)
<< назад

2004
Богдановска Билјана. Карактеристики на максиларната и мандибуларната морфологија вертикални неправилности (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2004. (105 стр.)
Мишевска Цветанка. Дентофацијална морфологија кај индивидуи со агнеза на заби (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје 2004. (91 стр.)
Аџисанкова-Муратовска Илијана. Квантитативна анализа на ослободени и дифундирани мономери од смоли на композити и дентин атхезиви низ дентинската бариера. (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје 2004. (90 стр.)
<< назад

2005
Жабокова-Билбилова Ефка. Улогата на пуфескиот капацитет на саливарната уреа и бикарбонатите врз појавата на забниот кариес (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје. 2005. (79 стр.)
Ајети Иниз. Анализа на постигнатите функционално-естетски резултати со хируршкото лекување на прогениите (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје 2005. (83 стр.)
Филиповски Владимир. Тераписка примена на имплантен систем во корелација со параметрите на периимплантатната инфекција (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2005. (114 стр.)
<< назад

2006
Алексова Павлина. Дентални калцификати: причина за посебна анализа. (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје 2006. (80 стр.)
Богдановски С. Валоризација на индивидуалните вредности на артикулационите агли на ТМЗ: компаративна анализа (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2006.
Грнчаровски Андрејчо. Епидемиолошко-патохистолошки карактеристики на епулисите нај населението во Македонија. (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје 2006. (102 стр.)
Ристоска Стевица. Стрес и динамика на хроничната пародонтопатија (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје 2006. (72 стр.)
<< назад

2007
Бајрактарова-Ваљакова Е

. Поврзување помеѓу порцеланот и композитот преку карактеризација на меѓуграничната површина-interface (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2007.


Даштевски Благоја.

Влијанието на водечките површини врз ретенционите сили кај парцијалната скелетирана протеза (

магистерски труд

). Стоматолошки факултет, Скопје, 2007.


Миндова С

. Пародонтопатијата и коронарната срцева болест: причинско-последична врска или асоцијација (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2007.


Митиќ Кристина

. Циклоспорин А-индуциран реактивен гингивален одговор (

магистерски труд

). Стоматолошки факултет, Скопје, 2007.


Панчевски Г.

Компаративна анализа на стабилната остеосинтеза со мини-плочки кај скршеници на долната вилица  (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2007.


Стефановска Емилија

. Проценка на оралното здравје кај деца со ментална хендикепираност (

магистерски труд

). Стоматолошки факултет, Скопје, 2007.


Филдишевски
А

. Примена на Er:YAG ласер во ендодонтската терапија на трајни заби со гангренозно распадната пулпа (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2007.


Филиповска Мицевска В

. Влијанието на средствата за белење на забите врз естетиката, ултраструктурата и отпорноста на забните ткива (магистерски труд). Стоматолошки факултет, Скопје, 2007.


<< назад