ЕКТС

Европски кредит трансфер систем

  • Клучен аспект на Европскиот систем на трансфер на кредити (ECTS - European Credit Transfer System), е признавањето на студирањето во странство како интегрален дел на студирањето на домашната институција. Со тоа би се овозможило мобилност на студентите во рамките на Програмите Erasmus Socrates. Со ЕКТС треба да се создаде можност периодот на студирање во странство (вклучуваќи ги испитите и другите форми на евалуација) да биде признат како ефективно еквивалентен на компарабилен период на студирање (вклучувајќи ги испитите и другите форми на евалуација) на домашната институција и покрај можните разлики во содржините на програмите.
  • ЕКТС е заснован на доброволен карактер и на взаемна доверба, од академска гледна точка помеѓу институциите поврзани во системот.
  • Преку доделување нумерички вредности на секој предмет, ЕКТС кредитите го претставуваат волуменот на работа што студентот мора да го реализира за да го положи испитот. ЕКТС се релативно мерило, бидејќи волуменот на работа на еден предмет го ставаат во однос со вкупниот волумен на работа потребен да се комплетира цела една студиска година, во што се вклучени: предавања, практична работа, семинари, индивидуална работа како и други можни методи за евалуација.
  • ЕКТС е заснован на вкупен волумен на работа на студентот, а не само на посетување на наставата.
  • Во рамките на ЕКТС, 60 кредити претставува волуменот на работа за една академска година. Општо правило е 30 кредити да се еквивалентни за еден семестар. За да се олесни процесот на академско признавање на студиите во странство, потребно е високо ниво на комуникација и флексибилност. Во тој контекс, ЕКТС координаторите треба да играат решавачка улога при управувањето со академските и административните аспекти на ЕКТС.
  • Европскиот Кредит Трансфер Систем му овозможува на студентот да ги комплетира своите студии во странство. Откако периодот на студирање е завршен, можно е на пример, студентот да не сака да се врати во институцијата од која потекнува, туку планира да остане на институцијата домаќин, можеби со цел таму да добие диплома или пак да оди на некоја трета институција. Секоја институција мора да ги уреди овие можности и треба да постави услови кои студентот треба да ги исполни за да може да добие диплома, или за да изврши тренсфер на својот упис.

ЕКТС

Оценка

Дефиниција

A

10

Одлично: исклучителни перформанси, со минорни грешки

B

9

Многу добро: натпросечен стандард, но со одредени грешки

C

8

Добро: генеално добра работа, но со бројни забележителни грешки

D

7

Задоволително: добро, но со значајни недостатоци

E

6

Доволно: перформансата ги исполнува минималните критериуми

FX

5

Слабо: потребна е дополнителна работа пред да се додели кредит

F

 

Слабо: Потребна е значителна дополнителна работа

      Скалата на ЕКТС за оценување е релативна скала која има за цел да ја зголеми транспарентноста без да се меша во системот на оценување на институциите. Скалата се состои од комбинација на клучни зборови и соодветни нумерички дефиниции со кои позитивните индивидуални резултати на секој студент се ставаат во однос на позитивните резултати на останатите студенти од истата група.