Студиската програма на Стоматолошкиот факултет во Скопје е организирана како петтгодишен курикулум за професионална едукација на доктори по дентална медицина, компетентни за работа во јавното и во приватното здравство, во фирми кои се занимаваат со набавка, дисрибуција и продажба на стоматолошки материјали и опрема, и за едукација на помлади кадри, сé со цел да се задоволат потребите на пазарот на трудот и во јавниот и во приватниот сектор.
Со завршување на студиите за доктор по дентална медицина, стоматолозите ги стекнуваат следните општи компетенции:
- соодветно познавање на науките на кои се базира стоматологијата и добро разбирање на научните методи, вклучувајќи ги и принципите за одредување на биолошките функции, евалуација на научно докажаните факти и анализата на податоците
- соодветно познавање на конституцијата, физиологијата и однесувањето на здрави и заболени индивидуи, како и влијанието на природната и социјалната околина врз здравствената состојба на човекот
- соодветно познавање на структурата и функцијата на забите, устата, вилиците и останатите орални ткива и нивната релација со општата здравствена состојба и со физичката и социјалната благосостојба на пациентот
- соодветно познавање на клиничките дисциплини и клиничките методи за превенција, дијагноза и третман на аномалиите, болестите на забите, на устата, вилиците и останатите орални ткива.
Специфичните компетенции со кои се стекнуваат стоматолозите, со совладивање на наставната програма, од I-от циклус на студии на стоматолошкиот факултет се:
- континуирано собирање на податоци од клиничката работа
- дијагностицирање на стоматолошките заболувања
- донесување на соодветни тераписки решенија
- преземање на сите превентивни мерки за спречување на оралните заболувања и нивно применување во стоматолошката ординација и пошироко во општеството
- дијагностицирање и спроведување на соодветна терапија на оралните мукозни заболувања како и рана детекција на премалигни лезии во устата
- дијагностицирање и конзервативен третман на пародонталните заболувања
- дијагностицирање и третман на кариесот, на пулпините и перирадикуларните заболувања
- едноставни хируршки интервенции на меките и тврдите ткива (екстракција на заб и мали оралнохируршки интервенции)
- третман на орофацијалната болка и анестезирање во орофацијалната регија
- рестврирање на дефектите и/или забите кои недостасуваат во прифатлива, форма и функција кај пациентите во сите возрасти
- дијагноза и третман на дентофацијалните аномалии вклучително и ортодонтско-максилофацијалните процедури
- третирање на повеќе итни медицински и дентални состојби кои можат да се случат во секојдневната пракса
- медицинско-етички пристап кон пациентот
- почитување на приватноста на пациентот и чување на професионална тајна
- соработка со други здравствени работници и тимска работа
- понатамошно развивање и унапредување на стоматологијата
- познавање на структурата, организацијата и финансирањето на здравствениот систем
Работни места за кои се оспособени:
- работа во јавна здравствена установа
- самостојна работа во приватна здравствена установа
- работа во фирми кои се занимаваат со набавка, дистрибуција и продажба на стоматолошки материјали и опрема
- работа во општествени установи (министерства, агенции и др.) кои се занимаваат со промоција на оралното здравје.
Академски назив или степен кој се стекнува со завршување на студиите: доктор по дентална медицина
Водичот за студии може да го преземете тука.