I циклус – академски студии (5-годишни) Општо

Студиската програма на Стоматолошкиот факултет во Скопје е организирана како петтгодишен курикулум за професионална едукација на доктори по дентална медицина,  компетентни за работа во јавното и во приватното здравство, во фирми кои се занимаваат со набавка, дисрибуција и продажба на стоматолошки материјали и опрема, и за едукација на помлади кадри, сé со цел да се задоволат потребите на пазарот на трудот и во јавниот и во приватниот сектор.

Со завршување на  студиите за доктор по дентална медицина, стоматолозите ги стекнуваат  следните општи компетенции:

  • соодветно познавање на науките на кои се базира стоматологијата и добро разбирање на научните методи, вклучувајќи ги и принципите за одредување на биолошките функции, евалуација на научно докажаните факти и анализата на податоците
  • соодветно познавање на конституцијата, физиологијата и однесувањето на здрави и заболени индивидуи, како и влијанието на природната и социјалната околина врз здравствената состојба на човекот
  • соодветно познавање на структурата и функцијата на забите, устата, вилиците и останатите орални ткива и нивната релација со општата здравствена состојба и со физичката и социјалната благосостојба на пациентот
  • соодветно познавање на клиничките дисциплини и клиничките методи за превенција, дијагноза и третман на аномалиите, болестите на забите, на устата, вилиците и останатите орални ткива.

Специфичните компетенции со кои се стекнуваат стоматолозите, со совладивање  на наставната програма, од I-от циклус на студии на стоматолошкиот факултет се:

  • континуирано собирање на податоци од клиничката работа
  • дијагностицирање на стоматолошките заболувања
  • донесување на соодветни тераписки решенија
  • преземање на сите превентивни мерки за спречување на оралните заболувања и нивно применување во стоматолошката ординација и пошироко во општеството
  • дијагностицирање и спроведување на соодветна терапија на оралните мукозни заболувања како и рана детекција на премалигни лезии во устата
  • дијагностицирање и конзервативен третман на пародонталните заболувања
  • дијагностицирање и третман на кариесот, на пулпините и перирадикуларните заболувања
  • едноставни хируршки интервенции на меките и тврдите ткива (екстракција на заб и мали оралнохируршки интервенции)
  • третман на орофацијалната болка и анестезирање во орофацијалната регија
  • рестврирање на дефектите и/или забите кои недостасуваат во прифатлива, форма и функција кај пациентите во сите возрасти
  • дијагноза и третман на дентофацијалните аномалии вклучително и ортодонтско-максилофацијалните процедури
  • третирање на повеќе итни медицински и дентални состојби кои можат да се случат во секојдневната пракса
  • медицинско-етички пристап кон пациентот
  • почитување на приватноста на пациентот и чување на професионална тајна
  • соработка со други здравствени работници и тимска работа
  • понатамошно развивање и унапредување на стоматологијата
  • познавање на структурата, организацијата и финансирањето на здравствениот систем

Работни места за кои се оспособени:

  • работа во јавна здравствена установа
  • самостојна работа во приватна здравствена установа
  • работа во фирми кои се занимаваат со набавка, дистрибуција и продажба на стоматолошки материјали и опрема
  • работа во општествени установи (министерства, агенции и др.) кои се занимаваат со промоција на оралното здравје.

Академски назив или степен кој се стекнува со завршување на студиите: доктор по дентална медицина

Водичот за студии може да го преземете тука.