Центар за научноистражувачка работа со лаборатории – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Центарот претставува организациска единица која спроведува научно-истражувачка и високостручна стоматолошка дејност од повеќе области на стоматологијата. Во рамките на дејноста Центарот ги следи и проучува состојбите, учествува во едукацијата во рамките на студиските и предметните програми на Факултетот, испитува методи и применува мерки за рано откривање на заболувањата, предлага и спроведува мерки за унапредување на стоматолошката заштита, учествува во изградбата и спроведувањето на високостручни стоматолошки доктринарни ставови, дава придонес и активно учествува во континуираната едукација организирана од Факултетот за здравствените работници со завршен Стоматолошки факултет.

Основна цел е изучувањето и откривањето на современи методи за работа, современи материјали, чија крајна цел е општо добро и поттикнување на оралното здравје на популацијата и инкорпорирање на новите знаења, методи и достигнувања во современи студиски програми од трите циклуси на образование и специјализации.

За изведување, организирање и поттикнување на научно-истражувачката, применувачката, односно, апликативната дејност, како и наставно-образовната практична работа, пренесување на употребата на современите методи на работа, сознанијата и достигнувањата, како и за изведување на информатички и информациско-документациски активности, во негови рамки функционираат: