Средба со директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје ја имаше честа да ги добие првите решенија за почеток со работа на новите студиски програми на Факултетот од неодамна формираната Агенција за квалитет во високото образование.

Директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование, проф. д-р Агим Рушити лично ги врачи решенијата на деканот, проф. д-р Ќиро Ивановски и продеканката, проф. д-р Соња Апостолска.

Нашиот факултет ќе продолжи да ги негува добрите односи со Агенцијата за квалитет во високото образование и органите во нејзин состав.