Создадена е платформа за е-услуги – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

✅Креиравме платформа за е-услуги.

🔴Од денеска, сите студенти запишани на сите студиски програми на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, можат по електронски пат да поднесат барање за добивање на услуги од службата за студентски прашања.

🟢Интерната платформа ,,е-услуги’’ е креирана со цел да се овозможи поголема достапноста на услугите, да се редуцира физичко присуство на студентите и подигнување на нивото на дигитализација на Факултетот.

🟢Сметаме дека на овој начин ќе придонесеме за олеснување на пристапот на нашите студенти до потребните документи, особено во услови на пандемија со КОВИД-19, ќе го олесниме секојдневието на секој од нас и притоа ќе овозможиме попродуктивно користење на слободното време, намалување на ризиците од ширење на инфекцијата и поголема ефикасност на нашето работење.