Работилница: ,,Реципрочна и ротирачка машинска обработка на каналите – две страни од иста монета” – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

👉На 3.12.2021 година, проф. д-р Марина Ефтимоска од Катедрата за болести на забите и ендодонтот, одржа работилница со наслов: ,,Реципрочна и ротирачка машинска обработка на каналите – две страни од иста монета”.

👉Реципрочните и ротационите ендодонтски инструменти кои се користат за чистење и обликување на коренско-каналниот систем се резултат на континуирана еволуција на техниките на ротационите движења. Последните години се извршени многу испитувања кои ја докажуваат ефикасноста на двата типа на инструменти, притоа проучувајќи ги нивните специфични карактеристики.

👉Во текот на работилницата, учесниците имаа можност да ги обработат коренските канални системи со машински инструменти кои вршат континуирано ротирачко или реципрочно движење.