Работилница: Проценка на морфолошко-функционалните варијации на ортодонтските малоклузии и одредување на планот на третман преку приказ на случаи – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

👉На ден 11.12.2021 проф. д-р Лидија Кануркова, раководител на Катедрата за ортодонција, одржа работилница со наслов: ,,Проценка на морфолошко-функционалните варијации на ортодонтските малоклузии и одредување на планот на третман преку приказ на случаи”.

👉За да се постави правилен план на ортодонтскиот третман, потребно е претходно да се одреди точна дијагноза за степенот на морфолошките варијации на ортодонтските малоклузии кои се поставуваат врз основа на клиничките испитувања, гнатометриски, рендгенолошки и фотографски анализи.

👉Каков ќе биде пристапот кон третманот секако зависи од оклузалните варијации на малоклузијата, од просторот во денталниот низ кој е потребен за поместување и подредување на забите, возраста на пациентот, етиолошкиот фактор, соработката на пациентот со ортодонтот, од видот на поместување на забите и многу други фактори. Преку презентацијата на модерните концепти на оклузија според Graber и Proffit, беше презентиран типот на ортодонтската терапија со мобилни, функционални и фиксни апарати, кои ќе овозможат правилно менаџирање на денталните и скелетните аномалии.