Работилница: Лезии во устата – дилеми и решенија – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

На ден 15.12.2021, проф. д-р Мирјана Поповска од Катедрата за болести на устата и пародонтот, одржа работилница со наслов: ,,Лезии во устата – дилеми и решенија”.

👉Несоодветното препознавање и толкување на раничките во устата е поврзано со неадекватен третман, што резултира со недостаток на очекувани резултати кај терапевтот, а незадоволство, страв и ризик кај пациентот. Оттука и актуелноста на оваа тема за повеќето профили од областа на денталната медицина.

👉Дијагностиката на најчестите лезии во устата, откривањето на причинителите, разграничувањето на лезиите помеѓу себе и разоткривањето на првите знаци на малигна трансформација, беа главните цели на оваа работилница. Беа понудени алтернативни решенија за лекување на раничките во устата, а посебен осврт беше даден на примената на најновите медикаменти во третманот на присутните промени, особено кон оние кои се применуваат локално.