Покана за учество на симпозиумот ,,Инфективни заболувања во стоматологијата – орална манифестација и заштита’’ – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Почитувани колеги,

Со задоволство Ве покануваме да ни се придружите на on-line симпозиумот со меѓународно учество со наслов ,,Инфективни заболувања во стоматологијата – орална манифестација и заштита’’ во организација на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје.

Настанот ќе се одржи на 16.1.2021 година, сабота, со почеток од 10 часот преку платформата Microsoft Teams.

Симпозиумот е акредитиран од СКМ со 12 бода за активно и 8 бода за пасивно учество.Котизацијата на симпозиумот изнесува 500,00 денари.

Пред уплатата, учесниците е потребно да ја пополнат пријавата за учество, достапна на следниот линк: https://forms.gle/wp1bMHraCg2iMTw29

Учесниците кои ќе се регистираат ќе добијат детално упатство за најавување и користење на платформата Microsoft Teams.