Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денес го посети Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на УКиМ – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

👉Само континуитет на инвестиции во образованието може да донесе квалитетно образование. Ова е посебно значајно во високото образование, каде што од една страна студентите имаат можност својата пракса да ја извршуваат во соодветни и модерни услови, а од друга страна, условите за работа на професорите се навистина соодветни на нивните потреби, рече министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната посета на Стоматолошкиот факултет во Скопје, каде е реализирана значајна инвестиција во опрема со средства од буџетот на Министерство за образование и наука.

👉„За прв пат, после многу години, Министерството за образование и наука одвојува средства, решивме да го направиме тоа и директно да му помогнеме на овој факултет да се модернизира. Министерството за образование и наука, заедно со Владата на РСМ и во иднина во континуитет но секако и по план ќе инвестира во високото образование“, изјави Царовска.

👊Со инвестицијата од 5 милиони денари опремени се новите клинички сали сместени на три катедри, со што студентите добиваат соодветни услови за успешно спроведување на клиничките вежби.

👉Деканот на Стоматолошкиот факултет д-р Ќиро Ивановски рече дека управата на Универзитетот, ректорот како и Министерството за образование и наука ги препознале потребите на Факултетот за набавка на современа опрема.

👉„На Стоматолошкиот факултет повеќе од 20 години не е вложувано во опремата за изведување на практична настава на студентите по стоматологија. За да еден стоматолог биде навистина добро едуциран за да спроведува стоматолошка услуга потребна е опрема којашто ќе ги задоволи потребите на едукацијата. Со опремувањето на двете сали, се задоволени потребите за вистинско спроведување на наставата, пред се од практичен аспект, којашто е неопходна за идните стоматолози“, изјави деканот Ивановски.

👊Министерството за образование и наука посебно внимание посветува на унапредувањето на науката преку обезбедување на планско, програмско и грантово финансирање. Наскоро ќе има целосно нов закон за научно истражувачка дејност кој ќе обезбеди повеќе нови бенефиции за научно-истражувачките работници, што е значајно за Стоматолошкиот факултет којшто истовремено изведува и научно-истражувачка дејност.