Конкурс за избор на демонстратори за учебна 2021/2022 година – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Врз основа на 163 од Законот за високо образование (Сл. весник на Р.М.бр. 82/2018, 178/2021), член 20 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје (Универзитетски гласник бр. 411/2018 и 426/2019), а во врска со Одлука донесена од Наставно-научниот совет на 40-та седница одржана на 17.09.2020 година бр. 02-2109/1 од 17.09.2021 година, деканот на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” Стоматолошки факултет  – Скопје распишува

К О Н К У Р С

за избор на демонстратори за учебна 2021/2022 година

          Се распишува конкурс за избор на

-1 (еден) демонстратор на КАТЕДРАТА ЗА БОЛЕСТИ НА ЗАБИ И ЕНДОДОНТ и

-1 (еден) демонстратор на КАТЕДРАТА ЗА СТОМАТОЛОШКА ПРОТЕТИКА

Кандидатите треба да ги исполнуваат  општите услови од член 163 од Законот за високото образование (Службен весник на Р.М бр. 82/2018, 178/2021) и посебните услови од член 20 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје (Универзитетски гласник бр. 411/2018 и 426/2019).

За демонстратор може да биде избрано лице кое ги испонува следниве услови:

-да биде студент на Стоматолошкиот факутет – Скопје запишан на втор или трет цикус студии кој додипломските студии ги завршил со просечна оцена од најмалку 8,00 (осум) или на студиската програма за доктори по дентална медицина интегрирани студии и во тој случај треба да има остварено најмалку 180 ЕКТС кредити и просечна оцена од најмалку 8,00 (осум).

Кон пријавата кандидатите треба да поднесат: кратка биографија CV, докази за исполнетост на општите и посебните услови (копија од индекс за втор или трет цикус, уверение за положени испити од прв циклус студии/втор цилус или уверение за положени испити за запишани на интегрирани студии). Рокот за поднесување на пријавите е 5 дена од денот на објавување на конкурсот. Факултетот и избраниот демонстратот ќе склучат договор со кој се уредуваат меѓусебните права и обврски. Пријавите и потребната документација се поднесува во архивата на Стоматолошкиот факултет во Скопје или на адреса  ул. Мајка Тереза бр.43, Скопје.

                                                       Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј”

                                            Стоматолошки факултет – Скопје

                                                                 Д Е К А Н

                                               Проф. д-р Ќиро Ивановски с.р.