Конкурс за избор на заменик студентски правобранител
By in
634

ФАКУЛТЕТСКО СТУДЕНТСКО СОБРАНИЕ НА СТОМАТОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

Врз основа на член 39 од Статутот на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет – Скопје, Факултетското студентско собрание објавува

КОНКУРС

за избор на заменик студентски правобранител

01. Факултетското студентско собрание избира заменик студентски правобранител од пријавените кандидати на овој конкурс со мандат од 2 (две) години без право на реизбор.

02. Критериуми за избор на заменикот студентски правобранител се:

– да е редовен студент на Стоматолошкиот факултет;

– да ги има положено сите предмети заклучно со V –семестар и

– да има просечен успех од најмалку 7 од положените предмети.

 03. Конкурсот да трае 15 дена од денот на негово објавување.

Конкурсот се објавува на веб страната на Стоматолошкиот факултет и на огласна табла.

04. Изборот на заменикот студентски правобранител го врши Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет – Скопје со тајно гласање по истекот на рокот за пријавување на кандидатите на објавениот конкурс. За избран ќе се смета оној кандидат кој добил мнозинство гласови од присутните членови.

05. Заинтересираните студенти пријавите можат да ги достават по електронски пат на следнава маил адреса: sfs@stomfak.ukim.edu.mk или во архивата на факултетот заедно со уверение за положени испити, кратка биографија и мотивационо писмо.

06. Само пријавите кои се целосни и навремени, а кои се поднесени од кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат земени во предвид.

ФАКУЛТЕТСКО СТУДЕНТСКО СОБРАНИЕ на СТОМАТОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

54321
(0 votes. Average 0 of 5)