Проф. д-р Снежана Иљовска – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Иљовска (Тодор) проф. д-р Снежана е родена на 31 октомври 1945 год. во Скопје, Р. Македонија. Средно образование, гимназија, завршила во 1964 год. На Стоматолошкиот факултет во Скопје дипломирала во 1971 год. Во 1977 год. се здобила со звањето специјалист по детска и превентивна стоматологија. Со одбраната на докторската дисертација на Стоматолошкиот факултет во Скопје, во 1988 год., под наслов “Клинички и лабораториски испитувања од дентален аспект кај инсулинозависен дијабет (тип 1) во детска возраст и адолесенција”, се здобила со научниот степен доктор на стоматолошки науки од областа детска и превентивна стоматологија.Првото вработување на проф. Иљовска било во 1974 год., на Клиниката за детска и превентивна стоматологија во Скопје, Стоматолошки оддел при Медицинскиот факултет. Во 1977 год., била избрана за асистент на Катедрата за детска и превентивна стоматологија и во истото звање била преизбирана уште два пати (1981, 1985). Во 1989 била избрана за доцент на истиот предмет, а во 1994 год. за вонреден професор. Во звањето редовен професор на Катедрата за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошкиот факултет во Скопје била избрана во 1999 год.На професионален план, професор Иљовска го насочила својот интерес кон згрижување на трауматизирани заби во детската возраст и кон спроведување кариес профилактички мерки на млади трајни заби.Професор Иљовска над 100 труда во домашни и во странски публикации.Во 1997 год., проф. Иљовска посетувала предавања од страна на д-р Крах во Центарот за обука на “Вивадент” (Лихтенштајн) во врска со новите производи на “Вивадент” од страна на д-р Крах.Во 1998 год., професор Иљовска била управник на Клиниката за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошкиот клинички центар. Од 1998 год. до пензионирањето била раководител на истоимената Катедра на Стоматолошкиот факултет. Проф. д-р Снежана Иљовска, во 1997 год., во склоп на нејзината активност за едуцирање на населението во врска со оралното здравје и неговото популаризирање, одржала циклус емисии на Македонската радио телевизија насловени како “Денталното здравје кај децата и адолесцентите”. Во организација на “Даре Џамбаз” од Скопје, во текот на 1997 и 1998 год. одржала едукативни предавања за зачувување на оралното здравје кај хендикепираните деца за педагози и родители кои се грижат за оваа специфична популација. Во 1997 год., на покана на “Лек” од Љубљана, одржала предавање на тема “Нови дентални материјали од Вивадент-Лихтенштајн и нивната примена во Р. Македонија”. За својата севкупна дејност проф. д-р Снежана Иљовска била наградена со плакета (1981), благодарница (1989) и со повелбата “Д-р Трифун Пановски” (1998), сите доделени од Македонското лекарско друштво.