Известување за примени кандидати на втор циклус студии во учебната 2020/2021 година – во втор уписен рок – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Ранг листа на примени кандидати

Запишувањето на примените кандидати ќе се одвива од 03.-05.03.2021 година од 08:00-14:00 часот, во службата за студентски прашања.

При запишување потребно е да се достават следните документи:

  • Индекс
  • пријавен лист за запишување на семестар
  • две фотографии (3,5×4,5)
  • пријавен лист за конкурирање  на факултет
  • испечатени електронски пријави (сите) од iknow системот
  • оригинални документи за завршен прв циклус на студии (уверение или диплома)
  • куса биографија
  • потврда за активно познавање странски јазик
  • потврда за уплата на административна такса 50,00 денари
  • државјанство
  • потврда за платена школарина на жиро сметка на Стоматолошкиот факултет во Скопје*

*За кандидатите запишани на втор циклус – магистерски студии, првата уплата е во износ од 700 евра во денарска противвредност; За кандидатите запишани на втор циклус стручни студии (доктори по дентална медицина и стручни забни техничари – модул протетика/ортодонција) првата уплата е во износ од 950 евра во денарска противвредност.

Жиро сметка на Стоматолошки факултет – Скопје

Назив на примач-Стоматолошки факултет Скопје
Банка на примач-Народна банка на Република Северна Македонија
Сметка 1000000000 630 95
Сметка на буџетски корисник-1600110480 788 19
Приходна шифра -723012 41