Органи и тела на факултетот

Органи и тела на факултетот

Органи на Факултетот се:

Наставно-научниот совет на Факултетот е орган на управување и стручен орган. Наставно-научниот совет го сочинуваат редовните и вонредните професори и доцентите вработени на Факултетот, како и претставници кои ги избираат студентите.

Деканатската управа е орган на управување на Факултетот.  Деканатската управа брои 12 члена. и тоа: деканот, продеканите, раководителите на катедрите и претседателот на Факултетското студентско собрание.

Состанок на деканатската управа

Деканот е раководен орган на Факултетот. Тој го застапува и го претставува Факултетот во земјата и во странство. Надлежностите на деканот се предвидени во Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје и Статутот на Стоматолошкиот факултет во Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје.

На Факултетот се избираат 3 продекани и тоа:

Работен состанок на деканот и продеканите

Наставно-научниот совет формира постојани и повремени работни тела за одделни прашања од неговиот делокруг. На Факултетот како постојани работни тела се формирани следните одбори:

  • Наставен одбор;
  • Научен одбор;
  • Кадровски одбор;
  • Одбор за специјализации;
  • Одбор за меѓународна соработка;
  • Библиотечен одбор.

Наставно-научниот совет на Факултетот формира Етичка комисија како стручно-работно тело за медицинско-стоматолошки истражувања.

За организирање на вториот циклус студии се формира Наставно-научен колегиум на студиска програма за втор циклус на студии.

За организирање на третиот циклус студии се формира Совет за докторски студии.

За да оствари соработка и доверба со јавноста, деловната заедница, професионалните комори и со други институции и здруженија на граѓани од подрачјето во кое ги врши високообразовната дејност и научноистражувачката работа, како и за да оствари јавност и одговорност за вршењето на дејноста од јавен интерес, Факултетот формира факултетски Oдбор за соработка и доверба со јавноста.