Заботехничка лабораторија за стоматолошка мобилна протетика – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Заботехничката лабораторија за стоматолошка мобилна протетика е опремена со 20 симулациони дентални модели-фантоми, 18 заботехнички работни места и 18 терапевтски столови.

Во оваа заботехничка лабораторија се изведува практична настава за студентите од студиските програми за доктори по дентална медицина и стручни забни техничари. Студентите се стекнуваат со знаења од областа на мобилната протетика, анатомо-морфолошката градба на забите преку моделирање на гипсени заби, како и лабораториските фази од изработката на мобилни акрилатни протези.

Заботехничката лабораторија за стоматолошка мобилна протетика е делумно реновирана во 2019 година.