Етичка комисија за медицинско-стоматолошки истражувања – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Етичката комисија е стручно тело чија основна цел е да дава мислења за етичка прифатливост на биомедицински и стоматолошки истражувања на луѓе и експериментални животни, во рамки на научно-истражувачката и применувачка дејност на Факултетот.

Комисијата е самостојна во своето работење и одлучување. Своето работење комисијата го темели, се придржува и постапува во согласност со позитивните законски прописи на РСМ и легислативата на ЕУ и СЗО.

Со етичката комисија раководи претседател.