Бесплатно учество на студентите на настани од континуирана едукација во организација на МСД – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Стоматолошкиот факултет – Скопје и Македонското стоматолошко друштво (МСД) овозможија бесплатно присуство на студентите од Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет (ФСССФ) на настаните од континуираната едукација која ја спроведува Македонското стоматолошко друштво и здруженијата во негов состав.

Имено, на студентите им е овозможен бесплатно учество на симпозиумите, конгресите и работилниците кои ги организира Македонското стоматолошко друштво и здруженијата во негов состав, по претходно спроведена постапка за избор на учесниците.

За претстојните настани и начинот на пријавувањето и изборот на учесници на настаните ќе бидете дополнително информирани.