Учество на Стоматолошкиот факултет во рамките на проектот на Град Скопје

Во рамките на проектот „Училиштата на Градот Скопје со отворени врати за факултетите и универзитетите за промоција на нивните студиски програми “, кој го спроведува Град Скопје, Стоматолошкиот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје активно се вклучи во реализацијата на проектот.

На денешната промоција, одржана на 3.3.2020, на учениците од средното медицинско училиште ,,Панче Караѓозов’’, науч. сор. д-р Гордана Апостолова, заедно со наставници од Факултетот, им ги презентираа студиските програми на Стоматолошкиот факултет.

Целта на иницијативата на Град Скопје е во функција на воспоставување заемна комуникација и непосреден контакт, односно, една организирана соработка помеѓу средните училишта и универзитетите.