Соработка со учениците од средно медицинско училиште на Град Скопје д-р Панче Караѓозов – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Денешниот отворен ден беше одлична можност за матурантите – идни студенти да се запознаат со студиските програми на Стоматолошкиот факултет во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, начинот на изведување на теоретската и практичната настава, одблизу да ги разгледаат заботехничките лаборатории, биохемиската и микробиолошката лабораторија, амфитеатрите и салите за изведување на практична настава, опремени според највисоки стандарди.

Матурантите од СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”/ SHMMQSH”D-r Pançe Karagjozov” остварија непосреден контакт со дел од наставниот кадар на Факултетот, преку кој имаа можност да се информираат за активностите на Факултетот, за научно-истражувачките проекти, меѓународната размена, практикантството но и да ги слушнат искуствата на студентите од нашиот Факултет.