Слободни места за II уписен рок

Пријавувањето на кандидатите за упис на прв циклус на студиите на Стоматолошкиот факултет – Скопје при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” Скопје, во втор уписен рок, во електронскиот систем за уписи е во тек.

Останати се слободни места во државната квота за студиската програмa за стручни забни техничари (1 слободно место) и за студиската програма за стручни стоматолошки сестри – орални хигиенолози (5 слободни места). Во квотата за кофинансирање, останати се слободни места за сите студиски програми и тоа: 2 слободни места за студиската програма за доктори по дентална медицина, 1 слободно место за студиските програми за стручни забни техничари и 10 слободни места за  студиската програма за стручни стоматолошки сестри – орални хигиенолози.

Повеќе информации за уписите во втор уписен рок во учебната 2018/2019 може да се најдат на следниот линк.