Пуштање во употреба на претклиничката протетичка лабораторија

Вчера официјално беше пуштена во употреба новата лабораторијата (претклиниката) за фиксна стоматолошка протетика. На настанот, присуствуаше Ректорот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, проф, д-р Никола Јанкуловски, проректорката за меѓународна соработка, проф. м-р Гордана Јосифова Неделковска, деканката на Фармацевтскиот факултет, проф. д-р Светлана Куливанова и директорката на Универзитетскиот стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон, D-r Amella Cana.

Во изминатиот период извршивме целосно реновирање на просторијата. За потребите за практичната настава, набавени се 10 симулациони дентални модели –  фантоми, опремени со комплет насадни инструменти и набавка на 10 работни заботехнички маси и нови, ергономски терапевтски столици. Опремата е целосно ставена во функција.

Очекуваме дека со подобрувањето на условите за работа и набавката на нови симулатори ќе се придонесе за стекнување на поголеми практични знаења на студентите од сите студиски програми, како и за унапредување на вештините и знаењата на специјализантите.