Промоција на дипломираните доктори по дентална медицина

На 11.1.2019 година, во амфитеатарот на Факултетот, во присуство на Ректорот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, проф, д-р Никола Јанкуловски беа промовирани дипломираните доктори по дентална медицина.

На настанот, покрај наставно-научниот и научниот кадар, беше присутна проректорката за меѓународна соработка, проф. м-р Гордана Јосифова Неделковска, деканката на Медицинскиот факултет , проф. д-р Соња Топузовска, деканката на Фармацевтскиот факултет, проф. д-р Светлана Куливанова и директорката на Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон, d-r Amella Cana.