Одлука за распишување избори за членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет – Скопје и именување на Изборна комисија – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Врз основа на член 37 од Законот за високото образование (Службен весник на РМ бр. 82/2018), член 64, член 65, член 66 од Статутот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, член 44 од Статутот на Стоматолошкиот факултет во Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, а во врска со член 17 од Статутот на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет, деканот на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, проф. д-р Ќиро Ивановски, на ден 08.11.2021 година ја донесе следнава

О Д Л У К А

за распишување избори за членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет – Скопје и именување на Изборна комисија

Член 1

Се распишуваат избори за членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет – Скопје со мандат од една година и со право на уште еден избор.

Член 2

Изборите за членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет – Скопје ќе се одржат на ден 9.12.2021 година со користење на средства за електронска комуникација.

Член 3

Изборите за членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет – Скопје ќе се спроведуваат во работни денови во текот на неделите за настава во зимскиот семестар од учебната 2021/22 година.

Член 4

Се именува изборна комисија за спроведување на избори за членови и претседател на факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет – Скопје во следниот состав:

  1. Проф. д-р Едвард Јанев,
  2. Проф. д-р Кристина Митиќ,
  3. Муниса Селим, студент,
  4. Валентина Сотирова, студент,
  5. Ангелина Вапска, студент.

Член 5

Изборната комисија ќе работи согласно Статутот на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет – Скопје и Упатството донесено од изборната комисија.

Член 6

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето.

ДЕКАН

проф. д-р Ќиро Ивановски

Скопје, 02- 2978/1 од 8.11.2021