(Македонски) Објавен нов број на списанието Македонски стоматолошки преглед

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Почитувани,

со големо  задоволство можеме да Ве известиме дека е објавен новиот број на списанието Македонски стоматолошки преглед (анг. Macedonian Dental Review).

Списанието има задача да оствари централна врска помеѓу науката и практиката, помеѓу македонската и светската стоматологија, а негова основна мисија е унапредување на оралното здравје во Македонија. Неговата улога и репутација се нераскинливо поврзани со предизвикот за перманентна трансформација на визијата за тоа што се очекува од стоматологот денес. Содржински, Македонски стоматолошки преглед претставува пресек на научно-истражувачката и апликативната стоматологија во Македонија. Списанието е трибина за разрешување актуелни проблеми од областа на стоматологијата.

Новото издание на Macedonian dental review 2018; 41 (1-2) го исполнува условот на референтно научно списание согласно Законот за високото образование (Службен весник на Република Македонија бр. 82/2018). Исто така, новиот број на списанието ги исполнува условите предвидени со Законот за здравствена заштита за списание со меѓународен уредувачки одбор.

Новиот број на списанието може да го најдете на следниот линк: http://stomfak.ukim.edu.mk/current-issue/

Со почит,

Од уредништвото