Креиран формулар – барање за добивање на услуга

Со цел поедноставување и олеснување на процедурите за остварување на правата на студентите за добивање на бараните услуги кои треба да ги пружи Стоматолошкиот факултет е креиран нов формулар – барање за добивање на услуга.

Во формуларот се наведени сите потребни докази и висината на надоместокот што треба да се уплати за остварување на бараната услуга.

Формуларот е достапен на веб страната на Факултетот (во делот СТУДЕНТИ => ОБРАСЦИ) на следниот линк и во просториите на студентски прашања.

Пополнетиот формулар, заедно со бараните докази, е потребно да го донесете во Службата за студентски прашања.