Интегрирани студии од I и II циклус (6-годишни) Општо

  1. Назив на предлагачот на студиската програма
  • Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје –Стоматолошки факултет Скопје

 

  1. Назив на студиската програма
  • интегрирани студии од прв и втор циклус по дентална медицина

 

  1. Траење на студиите
  • Должината на траење на студиите е шест години или дванаесет семестри

 

  1. Услови за запишување на студиите

Условите и начинот за запишување на студенти на студиската програма за дентална медицина се во согласност со Законот за високо образование  и Статутот на Универзитетот, како и со Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“  во Скопје.

 

  1. Спецификација на генерички (општи) и специфични компетенции коишто студентот ќе ги стекне со завршување на студиите од I-от циклус и за кои  работни места е способен
  • Генерички -општи компетенции − способност да ги примени знаењата на начин што покажува професионален пристап во работата и професијата доктор по дентална медицина, како и способност за дијагностицирање, анализирање и третирање на проблемите коишто произлегуват од патологијата на стоматогнатниот систем; − способност да ги оценува теоретските и практичните прашања, да дава објаснување за причините за појава на заболувања на стоматогнатниот орган и да избира соодветни решенија во соработка со доктор специјалист од сите специјалности во стоматологијата и медицината; − способност да комуницира и дискутира како со стручната, така и со пошироката нестручна јавност за размена на информации, идеи, проблеми и решенија кога критериумите за одлучување и опсегот на задачата се јасно дефинирани.
  • Специфични компетенции:
    • познавање на анатомијата, физиологијата и хистолошката структура на млечната и трајната дентиција, на усната празнина, на горната и долната вилица, на виличниот зглоб, како и на останатите орални ткива, во услови на клинички здрави и патолошки променети структури;
    • добивање на неопходни познавања од базичните медицински науки;
    • дијагностицирање на заболувањата на стоматогнатниот систем преку земање на соодветна анамнеза;
    • донесување на правилни, ефикасни терапевтски решенија во интерес на пациентот;
    • преземање на неопходни превентивни мерки коишто имаат за цел спречување на појавата на орални заболувања и примена на тие мерки во секојдневната стоматолошка практика и пошироко во општествената заедница;
    • дијагностицирање и реставрирање на кариозните дефекти на тврдите забни ткива, како и примена на ендодонтски интервенции на заболената и патолошки променетата забна пулпа на млечните и трајните заби;
    • дијагностицирање на дентофацијалните аномалии кај младата популација и укажување за потребата од преземање на натамошен специјалистички третман;
    • спроведување на потребен протетички третман со којшто се надоместуваат делумно или целосно изгубените забните низи преку воспоставување на правилна оклузија, неопходно потребна за уредно извршување на функциите на џвакалниот систем;
    • анестезирање на одредени регии на стоматогнатниот систем и третман на орофацијалната болка;
    • изведување на оралнохируршки интервенции на тврдите ткива (екстракција на заби) и едноставни хируршки интервенции на меките ткива;
    • дијагностицирање и конзервативен третман на пародонталните заболувања;
    • дијагностицирање и третман на заболувањата на оралната мукоза, како и рана детекција на премалигните лезии во усната празнина;
    • третман на итни медицински и дентални состојби, коишто може да се случат во секојдневната практика;
    • почитување на приватноста на пациентот и чување на професионалната тајна;
    • почитување на медицинско етичките норми во работата со пациентите;
    • соработување со други здравствени работници, со одредени специјалисти и субспецијалисти од разни области на стоматологијата и медицината и подготвеност за тимска работа;
    • поседување желба за натамошна континуирана стоматолошка едукација;
    • познавање на структурата, организацијата и финансирањето на здравствениот, а особено на забоздраствениот систем;
  • Работни места за кои се способни:
    • работа во јавна здравствена установа;
    • самостојна работа во приватна здравствена установа;
    • работа во фирми коишто се занимаваат со набавка, дистрибуција и продажба на стоматолошки материјали, стоматолошка опрема и инструменти;
    • работа во општествени установи коишто се занимаваат со промоција и организација на оралното здравје на населението (министерства, агенции и сл).

 

  1. Стручен назив кои се стекнува со завршување на студиите
  • Дипломиран доктор по дентална медицина

 

Целиот елаборат на студиската програма може да го преземете тука.

Решение за акредитација на студиската програма


 

Решение за почеток со работа на студиската програма