Известување за настава по предметот Претклиника на парцијалното протезирање

Почитувани колеги,

Имајќи ја во предвид состојбата со епидемијата со коронавирусот сакам да ве информирам дека по предметот Претклиника на парцијалното протезирање, според бројот на теоретските часови, нема да се полага колоквиум во првата колоквиумска недела.

Сепак, поради потребата од континуирано совладување на предвиденото градиво, во овој период од семестарот, потребно е да се совлада материјалот од посочениот учебник од стр. 5 до стр. 145.

Практичните вежби и материјалот во однос со истите ќе се реализираат во зависност од условите за нивна реализација.

За сите дополнителни информации во врска со подготовката на теоретскиот дел од материјалот, може да ме контактирате на следнава меил адреса: ljuben.guguvcevski@gmail.com