Известување за настава по предметот АМВЗ

  1. За вежби, студентите треба на милиметарски блок да ги нацртаат сите заби до втор катник,
  2. За предавања – студентите треба да прочитаат и да научат за целиот материјал од АМВЗ, за она што досега го поминавме на предавањата, но и за оној материјал кој преостана, т.е. долни премолари и горни и долни први и втори молари.

Значи,  цел материјал за АМВЗ  од посочената литература:

Анатомија на горна вилица, непчана коска, долна вилица, вилични зглобови, мускули, анатомија на устата, никнување на заби, разлики помеѓу млечни и трајни заби, млечна и трајна дентиција, системи за означување на заби, анатомија и хистологија на забот, клиничка и анатомска коронка, задачи на контактни точки и површини, селбахов феномен, карактеристични белези на забите.Треба да се знае – анатомија, карактеристики и задачи на сите трајни заби, да се знае кој заб колку има тубери и  фисури, кој тубер е највисок, најголем, како се нарекуваат страните, колку корења имаат забите и нивната поставеност итн.Со сето ова ќе можете и да ги разликувате забите. Исто така треба да се потсетите и на рамнините и површините, оклузија, артикулација,

Почитувани колеги, прешањата на колоквиумот  ќе бидат јасни.

Што се однесува до презентациите од предавањата, истите се во п.п.  презентација и во нив има само извадоци кои служат како потсетник во предавањата.Овој предмет не содржи клинички случаи, дијагноза и терапија, па сосема доволна е  литературата кој ви е посочена.Слободно можете да се служите и со друга литература која ги има погоре споменатите методски единици.

Со совладување на овој предмет, ќе можете полесно да преминете на другите предмети.

До скоро видување , чувајте го вашето здравје и здравјето на другите!

One Reply to “Известување за настава по предметот АМВЗ”

Comments are closed.