Известување за избори на членови и претседател на Факултетско студентско собрание

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека согласно член 114, а во врска со член 37 став 6 од Законот за високото образование (Службен весник на Република Македонија бр. 82/2018), член 65 од Статутот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје (Универзитетски гласник бр. 425/2019) и член 44 од Статутот на Стоматолошкиот факултет во Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје (Универзитетски гласник бр. 445/2019), се распишуваат избори на 10 (десет) членови на Факултетското студентско собрание и 1 (еден) претседател на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет – Скопје.

Изборите ќе се спроведат на 26.11.2019 година (вторник) во просториите на стариот деканат (барака) во период од 10 до 16 часот.

Право да избираат и да бидат избрани за членови на Факултетското студентско собрание имаат сите студенти кои се запишани на студии во учебната 2019/20 година и имаат запишан зимски семестар.

Кандидатите за претставници во Факултетското студентско собрание се утврдуваат на собири на студенти по предлог на студентите од секоја студентска година запишани на додипломските студии и по предлог на студентите запишани на постдипломски и докторски студии.

Прилог: Одлука за распишување избори на членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет – Скопје

One Reply to “Известување за избори на членови и претседател на Факултетско студентско собрание”

Comments are closed.